Почина легендарниот фудбалски судија Шандор Пул, кој ја делеше правдата во многу финалиња

Од:

Унгарскиот фудбалски судија Шандор Пул, кој го судеше финалето на Светското првенство 1994, почина денеска на 65-годишна возраст, соопшти Фудбалската федерација на Унгарија (МЛСЗ).

Пул во 1994 година го судеше мундијалското финале во кое Бразил ја совлада Италија на пенали, a три години подоцна, најнаградуваниот унгарски судија ја делеше правдата и во финалето во Лигата на шампиони во кое Борусија Дортмунд го победи Јувентус.

Пул четирипати едноподруго беше прогласуван за најдобар светски судија, од 1994 до 1997 година.

Судиската кариера ја почна во 1984 година, а последните неколку години работеше како потпретседател на судиската комисија на МЛСЗ.

Во интервју за унгарските медиуми во 2014 година, Пул рече дека задача на фудбалскиот судија е „што повеќе да ги анимира гледачите“.

Би можело да ве интересира

Франција со закон забрани фудбал на 5 мај

А1он

(ВИДЕО) Стравотна сцена: фудбалер се нафрли на судијата, го гонат за обид за убиство

ФИФПРО предлага четиринеделна пауза меѓу две сезони

Ана Ололовска

Нови навивачки инциденти во францускиот фудбал

А1он

Ето се кандидираше за прв човек на камерунскиот фудбал

А1он

Демба Ба замина во фудбалска пензија

А1он