Англискиот фудбалски судија Мајк Дин викендов нема да суди, добил смртни закани

Од:

Еден од најпознатите судии во англиската Премиер лига, Мајк Дин, нема да ја дели правдата во 24 коло – тој го замолил раководството на Премиер лигата да биде изземен од судење во следното коло, откако добил тешки навреди и смртни закани на социјалните мрежи. Членови на семејството на судијата исто така биле навредувани и им се заканувале, пишува „Скај Спорт“.

Педесет и двегодишниот судија ја делеше правдата на натпреварите Манчестер јунајтед – Саутемптон (9:0) и Фулам – Вест Хем (0:0). На двата натпревари, судијата покажа контроверзни црвени картони, кои подоцна беа поништени.

По натпреварот против Манчестер јунајтед, Саутемптон побара од Премиер лигата никогаш повеќе да не го назначува Дин на натпреварите на тимот.

Како што објавија англиските медиуми, Дин ќе работи на натпреварот од ФА Купот помеѓу Лестер – Брајтон в среда. Преку купот, тој може да се врати на судењето на натпреварите од Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ