Кошаркарите на Франција го освоија првото место во групата Б на квалификацискиот турнир за Олимписките игри, што се игра во Манила.
Тие попладнево со пресврт во последната четвртина (28:11) го совладаа Нов Зеланд со 66:59. Франција како првопласирана од групата ќе игра против Турција, додека Нов Зеланд во полуфиналето ќе се сретне со Канада.
Во првиот натпревар одигран денеска на турнирот во Манила во рамките на групата А, Турција го победи Сенегал со 68:62 и се избори за второто место во групата.
Утре на турнирот во Манила е слободен ден, а ќе се играат полуфиналните дуели на другите два турнира. Во Белград играат Србија – Чешка и Летонија – Порторико, а во Торино двојките се Грција – Хрватска и Италија – Мексико.