Франција сака да го стави „Тур де Франс“ под заштита на УНЕСКО

Од:

Околу 50 француски пратеници побараа велосипедската трка околу Франција, „Тур де Франс“, да биде запишана во Светската културно и природно наследство.

– „Тур де Франс“ е повеќе од национален симбол, тоа е светски мит. Треба да ги заштитиме симболите на нашата култура, наследство и заеднички живот, напишаа пратениците во заедничката иницијатива, која ја покрена пратеникот на владеачката партија Филип Фолио.

Годинешното 106 издание на најпопуларната велосипедска трка во светот започна на 6 јули во Брисел, треба да трае уште две недели, а во оваа трка учествуваат само избрани велосипедисти кои добиваат специјална покана од организаторите.

Инаку, првиот „Тур де Франс“ бил одржан во далечната 1908 година, и од тогаш традиционално се одржува секоја година, освен во годините на Првата и Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

(ВИДЕО) Карамбол на Тур де Франс: Повредени велосипедисти лежат на патот, Брзата помош ги пренесува во болница

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски

Педерсен победи на 13.етапа на Тур де Франс