Репрезентацијата на Франција е вториот финалист на кошаркарското Европско првенство за жени, откако синоќа во второто полуфинале ја победи Шпанија со 63:58.
Французинките клучната предност ја направија во третата четвртина која ја добија со 22:15. Во другите три периода беше: 15:13; 14:18 и 12:12.
Противник на Франција во борбата за златниот медал ќе биде селекцијата на Србија која во првото полуфинале беше поуспешна од Белорусија со 74:72.
Завршните дуели на Европското првенство за кошаркарки што се игра во Унгарија и Романија на програмата се утре. Финалето е од 19 часот, а претходно (16 часот) е малото финале меѓу Шпанија и Белорусија.
Денеска се играат натпреварите за пласман од 5-8.позиција: Литванија – Црна Гора (за 7.место) и Русија – Турција (за 5.место).