Франција поведе со 2:0 против Чешка во полуфиналето на Дејвис Купот

Од:

Тенисерите на Франција ги добија првите два меча во синг конкуренција против чешките колеги во полуфиналето на Дејвис купот.

По првиот ден од полуфиналниот меч меѓу Франција и Чешка кој се игра во Париз на терените на Роланд Гарос, предноста на домаќините од 2:0 им ја донесоа Гаске и Цонга.

Во првиот меч Ришард Гаске со 3:0 по сетови 6-3, 6-2 и 6-3 го победи Томас Бердих, а победа од 3:0 по сетови 6-2, 6-2 и 6-3 забележа и Жо Вилфред Цонга во мечот против Лукас Росол.

Утре на програмата е мечот во двојки, а в недела преостанатите два сингл мечеви.

Во втората полуфинална пресметка од Дејвис купот во Женева играат Швајцарија и Италија, домашните тенисери поведоа со 1:0 во победи. Во првиот меч во поединечна конкуренција Роџер Федерер во три сета 3:0 со 7-6, 6-4 и 6-4 по сетови го доби дуелот против Симоме Болели.

Станислас Вавринка ќе игра против Фабио Фоњини.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров