Францускиот министер за животна средина Николас Хулот изјави во четвртокот дека им одредил цел на поизведувачите на возила во земјата да престанат да продаваат дизел и возила на бензин до 2040 година.
На прес-конференцијата на која го објави петгодишниот план за поттикнување на користење чиста енергија и исполнување на обврските на земјата врз основа на Париската спогодба за климата, Хулот изјави дека француските произведувачи на автомобили имаат проекти, кои можат да го исполнат тоа ветување.
Неговите најави следеа еден ден откако шведскиот произведувач на автомобили „Волво“ стана првата голема автомобилска компанија, која вети дека ќе се откаже од возила, кои исклучиво користат мотор со внатрешно согорување.
Хулот исто така изјави дека Франција ќе престане да произведува енергија од термоелектрани, кои моментално сочинуваат пет отсто од вкупниот број електрани до 2022 година.
Министерството исто така сака да го намали уделот на нуклеарна енергија во вкупното производство на енергија на 50 отсто до 2022 година од сегашните 75 отсто.