Франција ја освои бронзата

Од:

Домаќинот на Европското првенство во кошарка, Франција го освои бронзениот медал. Тие во малото финале славеа над Србија со 81:68.

Во дуелот на селекциите кои испаднаа од борбата за најсјаното одличје, Франција прашањето на победникот го реши во третиот период, во кој во еден момент стекна предност од 16 поени (58:42).

Де Коло, кој на овој турнир беше најдобриот француски играч со 20 поени беше најефикасен на натпреварот. Двоцифрен број на поени кај домаќинот постигнаа Гобер (15 поени, 14 скока), Фурние (15 поени, 5 скока) и Паркер (13 поени, 4 асистенции).

Богдановиќ ја предводеше Србија со 14 поени, а двоцифрен број на кошеви постигнаа уште Бјелица (12 поени, 6 скока, 3 асистенции) и Радуљица (11 поени, 8 скока).

Големото финале, помеѓу Шпанија и Франција, по кое ќе биде познат новиот европски првак ќе започне во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос