Франција изедначи на 1:1 против Швајцарија во финалето на Дејвис купот

Од:

Француската тениска репрезентација го изедначи резултатот на 1:1 со Швајцарија во финалето од Дејвис купот по првиот ден. Швајцарија поведе со 1:0 по првиот меч и триумфот на Стан Вавринка над Жо Вилфред Цонга (3:1 во сетови), а Французите го добија вториот меч во поединечна конкуренција.

Изненадување направи Гаел Монфис совладувајќи го убедливо Рожер Федерер со 3:0 во сетови (6:1; 6:4 и 6:3) за 1 час и 46 минути игра. Иако, важеше за фаворит Федерер беше далеку од посакуваната игра најверојатно поради здравствените проблеми и болките во грбот што ги имаше изминативе денови.

Според програмата утре се игра мечот во двојки, а во недела повторно се дуелите во поединечна конкуренција.

Финалето се игра на фудбалскиот стадион „Пјер Моро“ во Лил, а на трибините имаше рекордни 27.432 гледачи.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров