ФОТО: Саудиска џудистка се бореше на Олипијадата со марама

Од:

Џудистката од Саудиска Арабија, Војдан Шахркани на Олимписките игри во Лондон настапи со марама цврсто припиена на главата, но без хиџаб, како што таа претходно бараше.

Меѓународната џудо федерација и забрани на Шахркани да настапи со превез преку лицето, при што би и се гледале само очите.

Таа беше предупредена дека ќе биде дисквалификувана ако не се појави „прописно облецена“ за натпреварите во овој спорт, што бесе објаснето и со безбедносни причини, затиа што би било опасно за неа доколку се бори со хиџаб.

Азиската џудо федерацаија претходно им дозволи на спортистките од муслиманските земји да може да носат марама во текот на борбите, па Саудијката на крајот се согласи со прописите што важат за муслиманките, кои ги прифати и Светската џудо федерација за Олимпијадата.

Заканата на Џудо федерацијата предизвика расправија и дипломатски скандал, а Саудијците најавуваа дека би можело и да се повлечат од натореварите во овој спорт, но сепак на крајот дозволија таа да остене на турнирот.

Војдан Шахркани која се школува во странство, каде и почнала да тренира џудо, отпадна уште во квалификационите мечеви. Таа е една од двете олимпијки во екипата на Саудиска Арабија, заедно со атлетичарката на 800 метри Сара Атар. Тие двете се првите жени од оваа земја што се појавиле на едни Олимписки игри. Досега на Саудијките им беше забрането да се занимаваат со спорт и да учествуваат на јавни натпревари.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?