ФОТО: Ракометните репрезентативци учествуваа во хуманитарната акција во Охрид

Од:

Ракометарите на репрезентацијата на Македонија, кои се на подготовки во Охрид, денеска зедоа учество на хуманитарната акција на Градскиот плоштад. Тие, во рамки на акцијата, донираа за спас на еден детски живот и се дружеа со охриѓани.

Хуманитарната акција ја организираа охридските новинари заедно со Општинската организација на Црвениот крст од Охрид со цел да помогнат на 11 годишно охриѓанче кое боледува од тешка болест и кое во најбрз можен рок мора да отпатува на операција во Пекинг.

За операцијата потребни се 35.000 евра. Граѓаните можат да донираат 100 денари на броевите 075/143-113; 077/143-155 и 070/143-105.

DSC01007

DSC01011

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa