Британската компанија „Ленд Ровер“ одбележа нова јубилеј откако од производствената линија во фабриката Солихул излезе 2. милионитиот примерок од моделот „Дифендер“.
Фабриката истовремено одбележува и 67. години производство. Таа кон крајот на 2015 година ќе биде затворена.
Јубилејниот 2. милионити Дифендер е единствен модел во чија изработка учествуваа и некои познати личности, како што е експертот за преживување Бер Грилс. Моделот ќе биде официјално претставен на Гудвуд фестивалот на брзината, по што ќе се најде на добротворна аукција на 16 декември.
– Добротвроната аукција е соодветен начин да се прослави улогата на Дифендер во хуманитарниет акции во кои има учествувано во изминатите децении, изјави извршниот директор на Јагуар-Ленд Ровер, др. Ралф Спејт.
Спејт нагласи дека Дифендер од сите три генерации од секогаш бил возило за истражувачи, добротворни организации, фармери, па дури и кралски семејства.
Според Спејт низ 67 години долгата историја Дифендер има помогнато на пионерите кои ги поставиле патеките за следните генерации и на тој начин од фармерско возило прераснал во светски препознатлива автомобилска икона.