ФОТО: Официјално претставен новиот Пежо 208

Од:

Француската компанија Пежо го претстави изгледот на новиот модел 208, што ќе биде премиерно претставен на Саемот на автомобили во Женева на 4 март годинава.

Пежо 208 доби редизајниран преден дел со нови светла, нова решетка на ладилникот и нов браник со изменети отвори за светла за магла. На задниот дел се нови светла со 3Д ЛЕД дизајн, а во понуда се очекуваат и нови бои на каросеријата.

Пежо 208 2

Во внатрешноста 208 има нов кожен управувач, нови детали на инструмент таблата со 7 инчен екран осетлив на допир, што е дел од инфотејмент системот. Системот поседува Блутут и УСБ приклучок, Пежо конект апликација и нов Мирор Скрин систем што овозможува прикажување на екранот на смартфонот на екранот во возилото.

Пежо 208 ќе биде понуден и со ГТ линија на опрема, што вклучува сјајна црна решетка на ладилникот, рамки на светлата за магла, специјални 17 инчни фелни, хромирани рамки на прозорите и хромиран завршеток на издувот, како и седишта со црвено-црна кожа.

Пежо 208 3

Специјално во понуда ќе се најде и ГТИ 30 Аниверсери модел, како дел од ГТи Спорт изведбата. ГТИ 30 ќе биде понизок и ќе има 18 инчни тркала, делови од внатрешноста во мат црна боја, седишта со странична поддршка, црвени патосници и слично. Моделот ќе биде придвижуван ос 1,6 литарски ТХП турбо бензински мотор со 208 коњски сили.

Пежо 208 4

Новиот 208 ќе биде достапен и со дизел и бензински мотори. Понудата ќе стратува со 1,6 литраски Блу ХДИ мотор со 75 коњски сили и 100 коњски сили. Силата ќе се пренесува преку шестстепен мануелен менувач. Бензинските мотори стартуваат со новиот 1,2 литарски турбо бензинец со 110 коњски сили.

Пежо 208 во продажба се очекува кон средината на јуни, а ќе се произведува во Франција и Словачка.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска