Новата „Хонда Сивик Тајп Р“ наскоро ќе излезе од фабриката во Свиндон во Велика Британија, на пат до своите сопственици ширум светот.
Автомобилот, кој во април ја го доби приматот „најбрз сериски модел со преден погон“ на легендарната патека Нирнбургринг, ќе почне да се произведува во текот на ова лето.
По тој повод, „Хонда“ објави галерија фотографии на најбрзиот и најсилен „Сивик“.
Инаку новиот „Хонда Сивик Тајп Р“ за погон ќе користи 2.0 ВТЕЦ турбо бензински мотор, кој испорачува 320 коњски сили и развива 400 њутн метри максимален вртлив момент.
За пренос на моќноста се користи 6-брзински мануелен менувач.