ФОТО: Наскоро Мини со пет врати

Од:

Мини првпат во својата индустрија ќе се најде во изведба со пет врати. Моделот ќе биде базиран на новата генерација Мини со три врати, од кого ќе биде подолг за 16 сантиметри.

Новиот Мини модел, стилските детали во надворешноста ги презема од изведбата со три врати, додека предниот дел е целосно идентичен.

Разлика во дизајнот има доколку двата модели се споредуваат странично. Освен што има поголемо меѓуоскино растојание и две врати повеќе, новиот Мини има повеќе простор и зад задната оска нудејќи поголем багажен простор.

mini51

Двете изведби изгледаат слично и во задниот дел, со тоа што вратата од багажникот е позакосена кај изведбата со пет врати.

Мини со пет врати од стандардниот модел е подолг за 161 милиметар, додека меѓуоскиното растојание е поголемо за 72 милиметри. Изведбата со пет врати е повисока за 11 милиметри од помалиот модел, додека широчината останува непроменета.

Патниците во задниот дел имаат за 15 милиметри повеќе простор за главата и дополнителни 72 милиметри за нозете.

Багажниот простор е зголемен за 67 литри и достигнува 278, а со соборени задни седишта изнесува 941 литри.

mini52

Дизајнот на ентериерот е преземен од изведбата со три врати. Мини со пет врати ги дели истите мотори со моделот со три врати.

Мини со пет врати во продажба се очекува на есен, а цената на основниот модел ќе изнесува околу 19.600 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска