Италијанската компанија ФИАТ по примерот на помалиот 500, планриа и моделот 500Л да добие Абарт верзија.
Шефот на Абарт за Европа, Марло Магнанини, во разговор за Ем-Ес-Ен Карс, изјави дека е во план зголемување на бројот на ФИАТ модели што ќе го носат знакот со шкорпија и дека 500Л има големи шанси да добие таква доработка.
Доколку се реализира, ФИАТ 500Л најверојатно ќе го доби 1,4 литарскиот МултиЕр мотор со 180 коњски сили и ќе влезе во директна борба со Мини Кантримен Купер С.