БМВ и официјално во Кина ја претстави новата Серија 1 седан која засега ќе се продава само во Кина.
Како што тврдат во баварскиот производител, БМВ Серија 1 седан е скроен според потребите на кинеските купци и за жал за многу љубители на оваа марка нема да се продава во Европа.
Кога станува збор за димензиите, новата најмала БМВ лимузина е долга 4.456 мм, широка 1.803 мм и висока 1.446 мм, додека меѓуосовинското растојание е 2.670 мм.
Дизајнот на внатрешноста потсетува на новиот Х1, како и на моделите на МПВ Серија 2 – Актив Турер и Гран Турер. Тоа и не е изненадување ако се знае дека Серијата 1 Седан ја дели истата механичка платформа УКЛ со преден погон, со наведените автомобили.
Верзијата прикажана на фотографијата судејќи според се има најбогата опрема, која покрај другото содржи кровен прозор и кожен пакет.
Потрошувачите во Кина ќе можат да бираат меѓу три бензински верзии: 118i, 120i i 125i. Основниот модел има погон од 3-цилиндерски 1.5 литарски мотор со 136 кс и 220 Nm. Агрегатот е поврзан со 6-степен автомобилски менувач, а од 0 до 100 км на час овој БМВ стигнува за 9,4 секунди, пред да развие максимални 212 км на час.
Нешто посилниот БМВ 120i под хаубата има 4-цилиндерски 2.0 мотор со 192 кс и 280 Nm, а силата на тркалата се пренесува со помош на осмобрзински автоматик. Автомобилот до 100 стигнува за 7,5 секунди со максимална брзина од 235 км на час.
Во врв на понудата е 2.0 мотор со 231 кс и 350 Nm, исто така поврзан со автоматски менувач со 8-степен пренос. БМВ 125i од 0 до 100 км на час забрзува за 6,8 секунси со максимална брзина од 250 км на час.
БМВ Серија 1 седан во кинеските продажни салони стинува на пролет, а цената на овој автомобил ќе биде околу 40.000 долари.