ФОТО: „Мерцедесот“ на Фанџо од 1954 година продаден за 22,7 милиони евра

Од:

Класичниот тркачки автомобил „Мерцедес-Бенц W196“ од 1954 година, со кој управувал легендарниот возач на Формула 1, Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо, е продаден на аукција во Англија за 19,6 милиони фунти (22,7 милиони евра).

Britain Fangio Auction

Петкратниот светски шампион во Формула 1 со овој автомобил во 1954 година ја освои својата втора титула, остварувајќи победи на Големата награда на Германија и Големата награда на Швајцарија, откако во текот на сезоната од „Масерати“ преминал во „Мерцедес“.

fangio2

Станува збор за возило со број на шасијата 00006/54 што е опремено со 2.5-литарски осумцилиндричен мотор.

fangiow196

Роберт Брукс, претседател на аукциската куќа Бонхамс, што ја организирала лицитацијата, изјави дека „Мерцедесот“ на Фанџо е најзначајниот тркачки автомобил во историјата што е продаден на аукција.

fangio3

„Мерцедесот“ му е продаден на анонимен купувач, кој лицитирал преку телефон.

На аукцијата, одржана во Гудвуд, на југот на Англија, во текот на манифестацијата „Goodwood Festival of Speed“, продаден е и „Феррари 330ГТ“ од 1965 година, чиј прв сопственик бил членот на групата „Битлси“, Џон Ленон.

fangio11

Овој автомобил својот нов сопственик го чинеше 359.900 фунти (416.000 евра).

fangio5 Swiss Grand Prix in Bremgarten, August 22, 1954. Juan Manuel Fangio (start number 4), who was to emerge victorious from this race, driving a Mercedes-Benz W 196 R open-wheel racer.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска