Директорот на Мерцедес за развој на производи Томас Вебер изјави дека компанијата планира кабриолет верзија на својот нов седан.
Моделот ќе биде заснован на С Класа Купе концептот, што беше претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт.
Според Вебер сериската верзија на С Класа Купе ќе се најде во продажба на почетокот на 2014 во Европа, а кабриолетот се очекува околу една година подоцна.
Мерцедес С Класа кабриолет ќе има мек покрив и ќе се биде достапен со твин турбо В8 и В12 мотори.