ФОТО: Лексус НФ-НХ – вистински моќен кросовер

Од:

Лексус објави фотографии од концептот НФ-НХ, што претставува најава на новиот компактен кросовер на компанијата.

Концептот НФ-НХ изгледа вистински моќно и доколку дизајнерите имале за цел да ги заплашат останатите возачи, тоа вистински им успеало.

Најверојатно се на овој кросовер е подредено на неговите визуелни карактеристики, а најсилен впечаток остава големата маска на ладилникот, што потсетува на најновата генерација модели на Лексус.

leksusNF-NH1

Истакнатите остри линии на каросеријата изгледаат како борбено „стелт“ возило, додека агресивниот стилски пристап продолжува и на задниот дел од возилото.

За подобро визуелно доживување надворешноста е изведена во темна металик сива нијанса, додека ентериерот е со портокалови и неон-сини детали.

leksusNF-NH2

Лексус НФ-НХ ќе биде претставен на Саемот на автомобили во Франкфурт. Се уште не се соопштени техничките детали, но познато е дека станува збор за хирбидно возило.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска