ФОТО: Киа Спортаж за 2016 година

Од:

Јужнокорејската компанија „Киа“ објави први официјални фотографии од новата генерација на кросоверот Спортаж, што треба да биде претставен во 2016 година.

Маската на ладилникот има нов изглед по мерка на новата генерација модели Сид, Каренес и Пиканто, додека светлата се целосно одвоени од маската и поставени на повисока позиција.

Киа Спортаж 2

Новиот Спортаж ќе биде достапен со „ајс кјуб“ ЛЕД дневни светла, кои се поставени на предниот браник.

Освен карактеристичниот спојлер на покривот, задниот дел има нов браник, нов изглед на вратата на багажникот и современи ЛЕД стоп светла кои се помали од актуеланата верзија.

Киа Спортаж 3

Техничките детали засега не се познати, но може да се очекуваат наскоро, бидејќи Спортаж е најавен за 2016 година и ќе има светска премиер на Саемот на автомобили во Франкфурт.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска