ФОТО: Хјундаи Вижн Г купе концепт

Од:

Јужнокорејската компанија „Хјундаи“ во Лос Анџелес на приватен настан го најави купе концептот Вижн Г, што официјално ќе биде претставен на претстојниот Пебл Бич настан.

Според Хјундаи автомобилот е инспирација за идното семејство премиум возила на компанијата.

Хјундаи Вижн Г 2

– Сакавме да создадеме ДНК што го балансира дизајнот и перформансите со идејата да се избегнат стереотипните одлики на луксузните возила, изјави директорот за дизајн на Хјундаи и КИА Питер Шрејер за време на претставувањето на концептот.

Хјундаи Вижн Г 3

Ова луксузно купе концепт претставува стилизиран Генесис купе со доминантна предна решетка чии линии се надополнети со закосени долгнавести предни светла.

Внатрешноста е луксузна и доминираат елементи од кожа, дрво и златни детали и акценти. Концептот е придвижуван од 5,0 литарски Тау В8 мотор со 420 коњски сили.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска