„Фолксваген“ на Саемот во Пекинг го претстави новиот НМЦ концепт за луксузен седан модел во класата на „Мерцедес ЦЛА“.
Моделот со четири врати најверојатно ќе биде базиран на „Џета“, а ќе се појави во 2016 година во класата над „Пасат ЦЦ“.
Шефот за дијзан на „Фолксваген“ Клаус Бишоф концептот НМЦ го најави како авангарден протагонист на новата класа компактин седани.
Според првично објавените фотографии едноставната решетка на ладилникот и ЛЕД светлата јасно го поврзуваат дизајнот со најновите модели на „Фолксваген“.
Споретскиот изглед на дизајнот е постигнат по примерот на моделите ЦЦ со врати без рамки и заден дел што потсетува на хеџбек моделите.
Серискиот модел на НМЦ ќе се произведува во фабриките на „Фолксваген“ во Мексико и Кина.