ФОТО: Фолксваген го претстави концептот Крос Купе ГТЕ

Од:

Фолксваген го претстави концептот Крос Купе ГТЕ на Саемот на автомобили во Детроит.

Концептот е дизајниран како најава за нов кросовер, што ќе биде понуден на пазарот во Северна Америка.

Крос Купе ГТЕ има агресивен преден дел со алуминиумска решетка на ладилникот и ЛЕД светла. Забележителна е надворешната линија на покривот, спојлерот на вратата на багажникот и големите 22 ични тркала.

Фолксваген Крос Купе ГТЕ 2

Во внатрешноста се наоѓаат пет седишта со Напа кожа, додека ентериерот е декориран со црни и алуминумски детали. Инструмент таблата е дигитална, а контролите се вршат преку 10,1 инчен екран осетлив на допир.

Фолксваген Крос Купе ГТЕ 3

Концептот Фолксваген Крос Купе ГТЕ има плаг-ин хибриден погон од 3,6 литарски В6 мотор и два електрични мотори, напојувани од батерија со капацитет од 14,1 киловат часа. Концептот развива вкупна моќост од 255 коњски сили. Од 0 до 100 километри на час забрзува за шест секунди, а само на електричен погон може да мине до 32 километри.

Фолксваген потврди дека серискиот модел ќе има седум седишта, како и дека производството ќе почне во Тенеси кон крајот на 2016 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска