На меѓународниот натпревар „Вук Опен Ниш“ во Србија, настапи џудо клубот „Дрим“ Струга.
На натпреварот право на настап имаа возрасните категории полетарци 2003-2004, помлади пионери 2001-2002 и постари пионери 1999-2000.
Во жестока конкуренција од над 250 натпреварувачи од Србија, Босна, Бугарија, Романија и Македонија ЏК “ДРИМ” Струга зеде учество со 9 натпреварувачи и освои 6 медали: 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени и беше прогласена за најуспешна машка екипа во категоријата Полетарци. Eкипата ја водеше проф. Ѓорѓија Стојанов.
Со медали се закитија:
Полетарци 2003-2004 и помлади:
-Кристијан Ангелески -31кг злато
-Никола Шипинкаровски +50кг злато
-Андреј Вељаноски -25кг сребро
-Mарко Донески -22кг сребро
-Божидар Донески -25кг бронза
-Павел Блажески -42кг бронза