ФОТО: Ауди концепт Пролог Авант

Од:

Германската компанија Ауди имаше светска премиера на концептот  Пролог Авант на Саемот на автомобили во Женева.

Ауди Пролог Авант 4

Концептот ја претставува новата Авант филозофија и го најавува новиот изглед на Ауди караванските модели. Концептот инспириран од Пролог има едноделна предна маска со Матрих Ласер светла и големи отвори за воздух. На задната страна се наоѓаат 3Д светла, како и спојлер поставен на вратата на багажниот простор. Ауди Пролог Авант доаѓа на 22 инчни фелни од легура.

Ауди Пролог Авант 3

Концептот Пролог Авант е придвижуван од плаг-ин хибриден систем составен од 3,0 литарски ТДИ мотор и електричен мотор со литиум-јонски батерии од 14,1 килоВат часа. Благодарение на 455 коњски сили Пролонг Авант од 0 до 100 километри на час забрзува за 5,1 секунда и достигнува електронски ограничена максимална брзина од 250 километри на час.

Ауди Пролог Авант 2

Просечната потрошувачка на гориво изнесува 1,6 литри на 100 километри, а автомобилот може да мине до 54 километри само на електричен погон. Ауди Пролог Авант има карбон-керамички сопирачки, прилагодлива суспензија и динамичен систем на контрола на сите тркала.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска