ФОТО: „Ауди“ го претстави концептот „ТТ Офроуд“

Од:

„Ауди“ на Саемот на автомобили во Пекинг го претстави „ТТ Офроуд“ концепт, кој е теренска изведба на најновиот ТТ спортски модел.

Концептот е базиран на неодамна претставената последна генерација на ТТ, но има четири врати, повисока суспензија и четири независни седишта.

audiTTOffroad (3)

Пред неколку недели Урлих Хакенберг најави дека „Ауди“ ќе ја искористи популарноста на ТТ брендот за лансирање на нови модели.

„ТТ Офроуд“ концептот е базиран на МКуБ платформа. Внатрешноста е целосно преземена од ТТ каде е впечатлива виртуелната инфо табла од 12,3 инчен дисплеј, на кој се сместени сите информации, од инфотејнмент системот до брзинометарот.

audiTTOffroad (4)

Погонскиот систем е „плаг-ин“ хибрид составен од 2,0 литарски ТСФИ мотор, два електрични мотори и шестстепен С-троник менувач со двојка спојка што силата ја пренесува на предната оска.

audiTTOffroad (1)

Вкупната сила изнесува 408 коњски сили, а според фабричките податоци потрошувачката изнесува неверојатни 2,3 литри на 100 километри.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска