Британскиот автопроизводител „Астон Мартин“ понуди свеж и значително поинаков надворешен дизајн на моделот „Вантиџ“, од оној кој го красеше неговиот претходник,
Новиот Вантиџ, кој под хаубата има АМГ В-8 мотор, ги задржа препо знатливите стилски елементи типични за автомобилите на „Астон Мартин“, како што е маската на ладилникот, која сега е малку поголема и поставена пониско.
На овој начин, возилото доби можеби „понападен“, но посовремен и попривлечен изглед, а во прилог тоа оди и дизајнот на предните светла и ЛЕД лентата.
Како што и беше најавено, за погонот е употребен твин-турбо 4.0 В-8 мотор, кој го произведува германски АМГ.
Астон Мартин Вантиџ на пазарот ќе се појави напролет следната година.