Формула 1 трката во Мексико ќе се вози без одложувања

Од:

Трката за Големата награда на Мексико ќе биде одржана во редовниот термин, односно на 29. октомври и покрај силните земјотреси кои ја погодија оваа држава, соопштија денес организаторите.

Директорот за маркетинг на патеката „Арманос Родригес“, Родриго Санчес кажа дека на патеката нема оштетувања.

– Два пати ја прегледавме патеката, како и сите објекти и заклучивме дека нема оштетувања. Во наредниот период ќе продолжиме со проценките, но за сега нема знаци за загриженост ни за објектите, ни за патеката. Трката ќе биде возена во веќе одредениот термин, рече Санчес.

Мексико Сити во вторникот беше погоден од силен земјотрес во кој што загинаа повеќе од 230 лица.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата