Формула 1 е подготвена да им претстави на тимовите прелиминарен календар на трките за 2021 година

Од:

Прелиминарниот календар за сезоната 2021 година денес ќе им биде презентиран на тимовите на виртуелниот состанок на Комисијата за Формула 1.

Шефот на Ф1, Чејс Кери, постојано тврди дека распоредот на етапите за 2021 година ќе личи на првично планираниот календар за сезоната 2020 година.

Сепак „Motorsport.com“ забележува дека постои голема веројатност неколку Гран при да бидат откажани следната година, особено за градски настани и трките надвор од Европа.

Шефот на „Рејсинг Поинт“, Отмар Сафнауер ги сподели своите очекувања за календарот.

– Тешко е да се предвиди што ќе се случи за еден месец. Вирусот се шири во Европа и другите региони во Северна Америка. Прочитав за различни вакцини кои изгледаат ветувачки и се во фаза на три испитувања. Кога ќе бидат пуштени не се знае. Сепак, би сакал да видам пореален календар отколку оптимистички за да можеме да правиме планови. Но, јас едноставно не знам што значи реално. Ќе прашам на состанокот каква е веројатноста предложениот да стане вистински календар и кој е алтернативниот план.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур