На предлог на Стручниот совет на Македонската кошаркарска федерација, назначени се стручните штабови на повеќе селекции кои ќе се натпреваруваат во 2016 година.
Со М20 мажи ќе работат:
селектор: Љупчо Малинков
помошен тренер: Перо Блажевски
советник: Марјан Лазовски.
Во стручниот штаб на М18 мажи се:
селектор: Клифтон Елис
помошници: Благоја Кечовски и Ангел Љутков
советник: Небојша Ѓуковиќ.
М16 мажи:
селектор: Џои Тејт
помошници: Ѓорѓи Кочов и Атанас Димов
советник: Бранко Андриевски.
Стручниот штаб во селекцијата М14 мажи го сочинуваат:
селектор: Александар Јованчев
помошник тренер: Мартин Атанасовски
советник: Горан Даниловски.
М18 жени:
селектор: Горјан Стојановски
помошен тренер: Енвер Мифтари
советник: Стојна Вангеловска.
М16 жени:
селектор: Анета Глигорова
помошен тренер: Јордан Цветановски
советник: Стојна Вангеловска.
М14 жени:
селектор: Жаклина Стојановска
помошен тренер: Снежана Николовска
советник: Стојна Вангеловска.
И официјално, поранешниот македонски репрезентативец Врбица Стефанов е назначен за помошен тренер во сениорската машка репрезентација.