„Форд“ на саемот во Детроит го промовира новиот ГТ концепт

Од:

Форд успеа новиот концепт на спортскиот модел ГТ да го сочува како тајна до самото отворање на автосалонот во Детроти и со него да приреди големо изненадување за љубителите на овој вид автомобили.

Со него, најверојатно, најголема ѕвезда на семот на автомобили во Детроит ќе биде токму возилото на домашната фабрика.

Новиот концепт на супер спортскиот автомобил на „Форд“ со дизајнот на надворешноста се надодава на претходникот, што се произведуваше во 2005-2006 година.

Автомобилот ја има препознатливата ниска силуета, акцентираните предни и задни браници, а изгледот на фаровите и стоп светлата јасно укажуваат на „крвната врска“ со претходната генерација.

Кабината е конструирана како единствена ќелија од јаглеродни влакна, додека вратите се отвараат вертикално. Во задниот дел се наоѓа автоматски прилагодлив  спојлер што се активира по потреба.

Голем дел од конструкцијата и каросеријата е направен од алуминиум и јаглеродни влакна, за да се намали тежината на возилото, а „Форд“ тврди дека новиот ГТ концепт е еден од автомобили со најдобар однос на сила и маса.

Кокпитот е минималистички, со волан чиј дизај е инспириран од управувачот на „Ф1“ болидите.

За погонот на моделот е  упоребен централно поставен 3.5-литарски твин-турбо В6 ЕкоБост мотор, што произведува „над 600 кс“.

Силата се пренесува на задните тркала со помош на седумстепен менувач со двојно квачило.

„Форд“ соопшти дека новиот ГТ концепт не е само уште една дизајнерска студија и дека до крајот на 2016 година во продажба ќе се најде продукциска верзија на овој суперавтомобил.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска