„Фолксваген“ ги проширува производните капацитети за моделите „Голф“ и „Ауди А3“ во Кина

Од:

„Фолксваген груп“ двојно ќе ги зголеми производните капацитети во својата  фабрика на југот на Кина, за да создаде простор за производство на најновата генерација на моделите „Голф“ и „Ауди А3 Седан“.

Фабриката во Фошан, што е плод на заедничкото вложување на „Фолксваген“ и кинеската „Фав груп“, досега годишно произведуваше по 300.000 автомобили.

Со дополнителна  нвестиција од 1,85 милијарди евра и со проширување на капацитетот, оваа бројка ќе се зголеми на 600.000 модели годишно.

Во овој погон веќе почна производството на моделот „Голф“ од седмата генерација, а до крајот на 2013 година од производните ленти ќе излезе и „Ауди А3 Седан“.

Ова е прва фабрика во Кина во која ќе се произведува новата генерација на моделите на „Фолксваген“, што се базираат на MQB платформата, така што од истите ленти истовремено ќе се симнуваат и „Голф“ и новиот „Ауди“ модел.

Кина е најголемиот пазар за „Фолкваген“, со 2,81 милиони продадени автомобили во 2012 година. Во првите осум месеци од 2013 година продажбата во оваа земја порасна за 17,9 отсто, во однос на истиот период од 2012 година, кога изнесуваше 2,05 милиони модели.

Во план е до 2018 година производните капацитети на „Фолксваген“ во Кина да достигнат дури четири милиони возила годишно.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска