На Меѓународниот саем за енергетика „Енерга” под слоганот „Едноставно електричен”, „Фолксваген“ ја претстави електричната верзија на својот мал градски автомобил „Е-Ап“.
Најмалиот модел на „Фолксваген“ има електромотор со сила од 60 киловати (85 коњски сили) и 210 њутн метри вртлиц момент, додека максималната брзина е до 130 километри на час.
Електричната енергија се складира во литиум-јонски батерии сместени на подот на автомобилот, со кои максималниот досег изнесува 180 километри. Со традиционалната гаранција во траење од четири години, „Фолксваген“ дава и осум години гаранција на батеријата.
Електричните возила на „Фолксваген“ се 100 отсто електрични, без емисии, лесни, исклучително ефективни и со неверојатна моќност, која се чувствува веќе од самиот старт, бидејќи електричните возила веднаш развиваат најголем вртлив момент.
Новиот „Е-Ап“ има подготвено уште еден истакнат технички детал: Car-Net e-Remote, апликација за паметен телефон која како и Car-Net порталот, овозможува со многу функции на возилото да се управува со далечински управувач.