Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик и се закани на Барселона пред четвртфиналниот судир на Лигата на шампионите меѓу двете екипи. Големиот натпревар ќе се одигра во петок, 14 август.
Баварците стигнаа до него откако повторно го совладаа Челси – 4:1 на „Алијанц арената“, а со вкупен резултат 7:1 ги елиминираа „сините“ од Лондон.
„Јас сум многу среќен. Сакавме да победиме и да продолжиме таму каде што застанавме. Го сторивме токму тоа. Ние ќе се подготвиме за Барселона како и секој друг противник. Сакам да ја покажеме нашата сила повторно, да дадеме 100%, да бидеме фокусирани и да ја покажеме нашата вистинска класа. Ние нема да се фокусираме само на Меси, мора да се подготвиме за секој од нивните играчи“