Флензбург противник на Вардар во четвртфиналето на ЛШ

Од:

Екипата на Флензбург е ривалот на Вардар во четвртфиналето на ракометната Лига на шампионите. Германците стигнаа до Топ-8 фазата откако го елиминираа белоруски Мешков Брест.

Во реваншот во Германија синоќа тимот на Мешков постојано беше во игра, но дури во последните минути од натпреварот домаќините успеаја да победат со 28:26. На првиот меч во Брест исто така победи фаворитот со 26:25.

Првиот меч на Вардар со Флензбург се игра во периодот од 19 до 23 април во Германија, а реваншот е во Скопје.

Дуелот меѓу македонскиот шампион и Флензбург во четвртфиналето ќе биде реприза на сезоната 2013/2014. И тогаш овие две екипи играа меѓу себе. На првиот меч во Германија, Флензбург победи со 24:22. На реваншот во Скопје триумфираше Вардар со 27:25, но поради повеќе постигнати голови во гости на Ф4 замина Флензбург. Тие го реализираа пеналот во последната секунда од мечот што им го донесе потребниот резултат, и негатива од два гола.

Четвртфинални двојки за четвртфиналето во ЛШ:
Кил – Барселона,
Флензбург – Вардар,
ПИК Сегед – ПСЖ и
Веспрем – Монпелје.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар