ФК „Шкупи“ ќе донира 10.000 евра за семејства во Драч

Од:

Фудбалскиот клуб „Шкупи“ ја информираше јавноста дека направиле хуман гест со тоа што ќе донираат 10.000 евра за семејствата кои се загрозени од земјотресот во албанскиот град Драч.

На состанок на раководството на клубот од скопски Чаир било одлучено да се донираат 10 илјади евра за помош во градот погоден од природната катастрофа со човечки жртви и повредени. Ќе се донираат и парите од продадени билети.

Иницијативата за ваков потег била заедничка меѓу клубот „Шкупи“, Општина Чаир и навивачката група „Шверцери“.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он