Репрезентацијата на Финска е вториот финалист на Светското првенство во хокеј на мраз што се одржува во Белорусија. Вечерва во второто полуфинале Финска ја совлада Чешка со 3:0 (1:0; 1:0; 1:0).
Во првото полуфинале Русија го победи досегашниот светски првак Шведска со 3:1.
Утре во финалето од 20 часот ќе играат Русија и Финска, додека во малото финале (почеток 15:30 часот) за бронзениот медал ќе играат Шведска и Чешка.