Финале за Јотовски на фјучрсот во Тунис

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Тунис откако денеска во полуфиналето го победи Моез Ечаруги од Тунис со 2:0 во сетови. Со пласманот во финалето Јотовски ја потврди улогата втор носител на турнирот.

Нашиот тенисер одлично го одигра мечот и имаше постојано контрола над резултатот во двата сета, кои ги доби со 6:3 во гемови. Во првиот сет Јотовски поведе со 3:0 и 5:1, а сетот го доби со 6:3. Вториот сет резултатски беше понеизвесен и од 2:2 Јотовски освои четири гема, а ривалот само еден што беше клучно за да го добие и вториот сет и мечот.

По финалето во Брчко ова за Јотовски е второ финале во 2015 година.
Утре во финалето ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Кристовал Саведра-Корвалан (Чиле, 1.носител) и Хауме Пла Малфеито (Шпанија, 7.носител).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров