Финале во двојки за Јотовски во Иран

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Иран што се игра во Киш (земјена подлога). Тој заедно со Хрватот Дује Кекез како трети носители во два сета ги победија вторите носители Васко Менсурадо (Португалија) и Алексис Мусиалек (Франција). Двата сета Јотовски и Кекез ги добија со 6:4 и 6:3 во гемови.

Противници во утрешното финале ќе им бидат шпанските тенисери Марк Форнел Местрес и Марко Неубау. Шпанците денеска постигнаа победа над Французите Александре Милер – Мандреси Ракотомалала со 2:0 во сетови.

Финалето е закажано за утре од 14 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров