Финале во двојки за Грабул и Јотовски во Ниш

Од:

Македонските дејвис куп репрезентативци Димитар Грабул и Томислав Јотовски изборија пласман во финалето во двојки на фјучрсот во Ниш. Тие попладнево ги победија Романците Тудор Кристиан Сулеа и Лука Георге Татомир со 6:4 и 7:5 во сетови.

Утре во финалето противници ќе им бидат Хрватите – браќата Иван и Матеј Шабанов. Хрватската двојка е фаворит во финалето бидејќи се рангирани како втори носители.

Ова е вторпат во кариерата Грабул и Јотовски да играат во финалето во двојки заедно. Првиот пат го направија пред пет години на фјучрс турнир во Сомбор и тогаш беа поразени.

Во својата кариера Јотовски има две турнирски победи во двојки во Стара Загора 2014 година (со Фатиќ) и во Египет 2013 (со Крстин), додека Грабул има една титула во двојки во Белгија 2013 (со Фарин).

Покрај финалето во двојки Јотовски утре во 10 часот има меч од четвртфиналето со вториот носител Ласло Ѓере од Србија.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров