Финале во двојки за Ѓорческа

Од:

Македонските тенисери кои настапуваат на фјучрс турнирите денеска во полуфиналните мечеви во двојки имаа половичен успех.

Лина Ѓорческа во Шарм Ел Шеик се избори за финалето откако со Јулија Терзиска од Бугарија ги победија во полуфиналето Мариам Болквадзе (Грузија) и Јулија Бризгалова (Русија) со 7:5 и 6:1 во гемови.

Во финалето утре ќе играат против полските тенисерки Викторија Кулик и Каролина Силвановиц. Ѓорческа против Терзиска ќе игра и во полуфиналето во поединечна конкуренција.

За разлика од Ѓорческа, Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето во двојки на фјучрсот во Врсар. Јотовски и Иван Бјелица од Србија загубија од вторите носители Александру-Даниел Карпен (Романија) и Томислав Драгања (Хрватска) со 6:3 во гемови во двата сета.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров