ФИФА започна истрага против Аргентина

Од:

ФИФА започна и формална истрага против Аргентинската фудбалска федерација, поради политичкиот инцидент што го предизвикаа репрезентативците на оваа земја за време на пријателскиот меч со Словенија.

На мечот во аргентинскиот град Ривер Плата, домашните фудбалери излегоа на теренот носејќи голем транспарент на кој пишуваше „Малвините се аргентински“, како политичка подршка на спортистите на тврдењето на официјален Буенос Ајрес дека Малвините (Фокландските острови) се дел од аргентинската територија, па затоа  треба да и се вратат на Аргентина

Инцидентот се случи на 7 јуни на последниот контролен натпревар на аргентинската селекција пред патот во Бразил на Мундијалот.

ФИФА реагираше веднаш на пријавата на делагатот на натпреварот, а истрагата што е покрената треба да утврди дали фудбалската федерација на Аргентина ги има прекршено правилата во врска со „неспортското раководење со репрезентативниот тим“, како и правилата во врска со спречувањето на провокативни и агресивни акции на фудбалскиот терен.

Велика Британија и Аргентина во пролета 1982 година 70 дена војуваа за Фокландите, при што загинаа 655 Аргентинци и 255 британски војници, како и тројца цивили, откако аргентинската армија изврши инвазија на небранетите острови во јужниот Атлантик.

Фокландските острови од 1830 година се британска прекуморска територија, која сега има своја автономија. Минатата година таму се одржа референдум за идниот статус на островите, на кои само тројца гласачи беа против сегашниот статус на Фокландите.

Владата на аргентинската претседателка Кристина Кирхнер пред неколку години започна силна антибританска кампања, барајќи преговори со Лондон за предавање на островите на Аргентина. Британците тоа го отфрлаат, нагласувајќи дека само жителите на островите имаат право да одлучуваат за својата иднина.

Обновените барања за Фокландите се појавија во време кога на океанското дно околу островите беше откриена нафта, а британските компании почнаа со истражувачки работи.

Засега нема сознанија дали сличен инцидент, како оној од пред десетина дена, имало и на синоќешниот прв настап на Аргентинците против селекцијата на Босна и Херцеговина.

Во Буенос Ајрес претходно се најавуваше дека аргентинските власти ќе се обидат да го користат Мундијалот за свои политички цели.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ