ФИФА започна дисциплинска постапка против Јувентус

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) потврди дека започна дисциплинска постапка против Јувентус за трансферот на Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Погба во Јувентус дојде во 2012 година од Манчестер како слободен играч, бидејќи му истече договорот со премиерлигашот, а потоа италијанскиот клуб го продаде токму на Јунајтед за рекордни 105 милиони евра.

Во таа сума е вклучен и висок надоместок за менаџерот на Погба, Мино Раиола со што е прекршено правилото на сопственост на третат страна.

– Можеме да потврдиме дека е започната дисциплинската постапка против Јувентус. Не може да дадеме повеќе информации, бидејќи истрагата е во тек. Само може да информираме дека дисциплинска постапка против Манчестер Јунајтед нема, изјави портпаролот на ФИФА.

Ако се утврди дека Јувентус ги прекршил правилата при овој трансфер може да добие парична казна, како и забрана за доведување на нови играчи.

Некои медиуми објавија дека Раиола организирал Јувентус да го добие Погба бесплатно, но за возврат да тој да добие висок процент при следниот негов трансфер.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

ФИФА воведува трет преоден рок