ФИФА против одигрување меч од Примера во САД

Од:

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино е против идејата на раководството на шпанската Примера еден натпревар да се игра на територијата на САД.

– За да се случи такво нешто треба да се запазат одредени процедури. Зелено светло треба да дадат ФИФА, УЕФА, КОНКАКАФ и Фудбалскиот сојуз на САД. Доколку оваа идеја се оствари, тогаш тоа би предизвикало домино ефект и со останатите лиги во Европа, изјави Инфантино.

Против идејата меч од Шпанското фудбалско првенство, најверојатно дербито Реал Мадрид – Барселона, да се игра во САД, се изјаснија и претставниците на тамошното Здружение на играчи.

– Не се секогаш важни парите. Треба да се мисли и на здравјето на фудбалерите, се огласи неодамна Здружението.

Се очекува реакцијата на раководството на шпанската лига дали и понатаму ќе инсистира на идејата да се игра натпревар од Примера на американскиот континент.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ