Светската фудбалска федерација ја одложи денеска одлуката за репрезентацијата на Косово да и дозволи да игра меѓународни пријателски натпревари.
ФИФА во мај даде согласност, но ја промени одлуката по протести од Фудбалската федерација на Србија и претседателот на УЕФА Мишел Платини.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека извршниот одбор одлучил да го одложи случајот со Косово до следниот состанок во декември во Токио. Од 53 членки на ФИФА, 37 го признаа Косово.