ФИФА: Нема допингувани фудбалери на Мундиајлот во Русија

Од:

Антидопинг системот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) работи исправно и прекршувања на правилата од почетокот на Светското првенство во Русија не се регистрирани. Ова го објави на прес-конференција на „Лужники“ Колин Смит, директор на одделот за спроведување на турнири при ФИФА.

– Направени се повеќе од 2.700 тестови, откако секој од фудбалерите бил проверен барем еднаш. Тестови се прават на секој натпревар, се земаат примероци од минимум четири играчи, по што се испраќаат во лабораторија во Швајцарија. Нарушувања од почетокот на Мундијалот нема. Програмата работи успешно и ние сме задоволни, рече Смит.

Во текот на светскиот шампионат, ФИФА најави завршување на истрагата на играчите на рускиот национален тим, наведувајќи на недостаток на прекршувања на антидопинг правилата во рускиот тим. Наодите на ФИФА се признаени од страна на Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска