ФИФА му изрече нова суспензија на Сеп Блатер

Од:

ФИФА денеска повторно го суспендираше својот поранешен претседател Сеп Блатер поради финансиски малверзации, седум месеци пред да му истече веќе изречената суспензија.

Етичкиот комитет на ФИФА соопшти дека Блатер е суспендиран на шест години, заедно со поранешниот генерален секретар Џером Валке, на кого му е изречена осуммесечна суспензија.

Блатер и Валке се казнети под обвинение дека меѓусебно делеле бонуси во износ од неколку милиони долари, а двајцата ќе мораат да платат отштета од по еден милион швајцарски франци во рок од еден месец.

Блатер претходно беше суспендиран на шест, а Валке на десет години, во одвоени случаи.

Поранешниот претседател на ФИФА, Швајцарецот Блатер, е со нарушено здравје, откако во декември му беше извршена операција на срцето.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи