ФИФА ја казни Хрватска поради националистичко навивање

Од:

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го казни Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) со 50.000 швајцарски франци, поради националистичко навивање и пеење националистички песни на хрватските навивачи.

Имено, дисциплинската комисија на ФИФА реши да ги казни само хрватските навивачи, кои заедно со албанските од Косово, заедно скандираа против Србите: „Убиј, убиј, го Србинот“, пред мечот Албанија – Хрватска, што се одигра во Скадар, во рамките од квалификациите за Светското првенство што во 2018 година ќе се одрежи во Русија.

Воедно дисциплинската комисија на ФИФА го предупреди ХНС да внимава на начинот на идното однесување на навивачите, бидејќи во случај на појава на сличен инцидент Хрватите ќе бидат санкционирани поригорозно.

ХНС смета дека казната е релативно блага со оглед на околностите, бидејќи дисциплинската комисија на ФИФА ги уважила нивните аргументи во врска со напорите вложени во организацијата на мечот против Косово.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски