ФИФА ги објави цените на билетите за Мундијалот во Русија

Од:

Светската фудбалска асоцијација ги објави цените на влезниците за Мундијалот што идната година ќе се игра во Русија.

Што се однесува до отворањето на Светското првенство на „Лужники“ во Москва, најскапиот билет ќе биде 2.300 евра. За оние кои сакаат да ја следат церемонијата на отворање, а потоа и натпреварот, најевтиниот билет ќе чини чини 223 евра.

Во групната фаза, билетите ќе бидат поевтини. Влезницата за најдобрите места на стадионот ќе чини 880 евра, а најевтината е само 89 евра. Во полуфиналето билетите ќе бидат многу поскапи. Најскапиот е 3.100 евра, а најевтиниот е 312 евра.

И на крај, за финалниот меч на Светското првенство што ќе се одигра на „Лужники“ каде што ќе се одржи и церемонијата на затворање на Мундијалот, најскапиот билет е 4.600 евра, а најевтиниот може да се купи за нешто помалку од 500 евра.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи